Новак Ѓоковиќ настапува на завршниот Мастерс турнир во Торино, но – не е сам. Друштво му прави целото семејство.
Видовме како неговата сопруга Јелена будно го следи секој натпревар, а во италијанскиот град деновиве се и нивните деца Стефан и Тара.
Всушност, тие двајца постојано се покрај тато. Не го пуштаат да мирува ниту на тренинзите, каде на паузите игра со ќерката, додека Стефан ја користи приликата да стави неколку топки преку мрежата.
И додека Ноле се подготвува за дуелите, Јелена и децата шетаат низ градот и се сликаат покрај неговите постери.
Гардеробата е прилагодена на временските услови, а за долги прошетки најдобра опција се патиките.
фото:Getty Images/Twitter/Instagram