Метју Меконахи неодамна го прослави својот 53 роденден, но неговиот изглед со годините станува се подобар, помажествен и посекси според мислењето на многу дами! Сепак, овој холивудски заводник не дозволи славата да го промени, напротив. Тој го користи својот величенствен актерски талент на вистински начин – спојувајќи неверојатни улоги и успеси, но и помагајќи им на луѓето на кои им е многу потребна помош.
Имено, миленикот на жените е голем активист, има своја хуманитарна организација, а во 2021 година ја доби титулата филантроп на годината. Желбата да им го направи животот поубав и полесен на другите произлегува од фактот дека ниту неговиот пат до успехот не бил лесен – морал да се бори со бројни проблеми и препреки.
А сега, овој светски шармер ги потсети своите обожаватели на неговата позната слика од младоста, на која е целосно гол! Тој позираше пред фрижидерот само со тегла кисели краставички. Повод повторно да се објави оваа фотографија беше Светскиот ден на туршијата.
Иако Меконахи сакаше само да се пошегува на своја сметка, со овој потег ги разбранува дамите ширум светот, кои уште еднаш се уверија во неговата привлечност и неодолива харизма. На сите им стана јасно дека тој бил и останува згоден дечко, а веројатно и неостварена фантазија на многу жени!
Меѓутоа, кога светлата се исклучени, Метју е посветен на својата сопруга – актерката и модел Камила Алвес, со која е во брак 10 години, како и на нивните деца Вид, Леви и Ливингстон.
Фото: Принтскрин/Профимедиа