Манекенката Бела Хадид (26) доживеала страшна несреќа. Токму кога си го уредила животот според сопствените стандарди, таа се соочила со ужасна дијагноза.
Манекенката призна дека и е лошо преку својот профил на Инстаграм кога ги загрижи сите со своите фотографии.
Телото и е покриено со модринки, раката е во завој, а на грбот има фластери.
View this post on Instagram
Иако објави слика на која јасно се гледа шприц во кој има крв, Бела Хадид не откри повеќе детали за нејзината здравствена состојба.
Сепак, таа претходно изјави дека боледува од Лајмска болест, односно од бактериска инфекција која го напаѓа телото и дека во потешки случаи може да доведе до проблеми со срцето, оштетување на нервите, отекување на зглобовите и отежнато концентрирање.
– Понекогаш спијам по 12 часа и не можам да станам од кревет. Имам силни болки во зглобовите, таканаречена мозочна магла и анксиозност. Постојат многу симптоми кои не можат веднаш да се видат. Животот продолжува и не смеам да се откажам – раскажала пред шест години на настанот „Global Lyme Alliance“ за својата борба со болеста која очигледно не и дозволува да живее нормално.
фото:Getty images/Instagram printskrin