Актерот Брус Вилис страда од афазија, болест која го напаѓа мозочниот центар одговорен за говорот, што ја намалува способноста за разбирање или изразување зборови, читање и пишување.
Неговиот колега, Силвестер Сталоне, истакна дека го убива тоа што го гледа својот колега и пријател болен.
Да потсетиме дека Брус престана да глуми поради неговата дијагноза. Во последниве години, сите што работеа со него ги забележаа неговите проблеми со читањето и изговарањето на текстот, како и повремени пропусти.
Неодамна папараците го фотографираа Брус Вилис кој изгледа доста остарен и изнемоштен.
фото:Profimedia/You tube printscreen