Џејсон Момоа важи за еден од најзгодните и најпривлечните мажи во Холивуд. Кога гостуваше во емисијата на популарниот водител Џими Кимел, актерот ја вжешти атмосферата и ја воодушеви публиката.
Имено, Момоа реши да се соблече и да позира само во костим. Актерот ја фрли облеката во која дојде и остана во традиционална хавајска облека која всушност е парче ткаенина што доста открива.
Атмосферата во студиото набрзо беше доведена на ниво, а водителот не можеше да прстане да се смее. Извајаното тело и мускули дојдоа до израз.
Водителот и актерот имале интересен разговор каде водителот кажал колку безбедно се чувствува кога Џејсон е покрај него и како можел сите да ги спаси.
Тие го продолжија разговорот со темата за многуте тетоважи на Момоа, а прикажаа и фотографија од актерот која стана популарен меѓу женската популација, фотографија на која рибари во танга.
фото:Јутјуб принтскрин