Кија и Слоба жестоко се скараа, а потоа дојде и до физички контакт, па во еден момент мораше да реагира и обезбедувањето. По вербалното препукување Кија фрли со плстично шише со вода по Слобо. Потоа стана, ја трескаше вратата и се упати кон него, па го фати за вратот, а тој ја зграпчи за раката и ја оттурна, но пред да дојде до посериозен инцидент влета обезбедувањето и ги одвои.
Караницата продолжи со пцости, навреди и закани, а Кија одново се обиде да го нападне бившиот сопруг, но обезбедувањето успеа да ги раздвои.
Кија го нарече Слобо гнида, неранимајко и лажливец, и рече дека е гневна, дека не може да поверува како лажел. Откако ги изнесоа надвор, брачните другари ги продолжија своите расправии во дворот.
Погледнете ја тепачката каква што до сега ја немало во „Задруга“:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=180&v=EsCIRpjw74U