Мажот кој порано беше жена е син на позната пејачка, која го поддржа во процесот на транзиција. Чез Боно сега се чувствува одлично во машкото тело.
Чаз Боно е единственото дете на познатата двојка Шер и покојниот Сони Боно, а е роден како девојче Честити. Прво откри дека е хомосексуалец, а подоцна изјави дека е трансрод, додека во 2009 година започна процес на транзиција во маж. Процесот на транзиција заврши во 2012 година, кога тој беше подложен на операција за промена на полот и законски го смени своето име. Во интервју за Опра Винфри, Чез истакна дека неговиот живот пред транзицијата не бил лесен, и дека секогаш се чувствувал заробен во своето тело.
„Од дете се чувствував како момче, а кога дојдов во пубертет и добив облини, тоа ме преплаши. Чувствував дека сопственото тело ме издава, бидејќи правеше сè спротивно од она што јас се чувствував. Животот пред транзицијата беше навистина тежок“, рече тој.
Чез успеа да стане маж со помош на операција и хормонска терапија и покрај тоа што има голем проблем со вишокот килограми, тој е задоволен со своето тело. Шер долги години ја поддржува ЛГБТ заедницата, но на почетокот имала проблем да ја прифати промената на нејзиниот син.
„Го слушнав неговиот стар глас на телефонската секретарка и тоа ме погоди многу силно. Набрзо сфатив дека не го изгубив, туку тој беше само во друга форма“, изјави таа за Си-Ен-Ен.
Фото: Принтскрин/Профимедиа