Радио Милева животот на конец...

Се држев на две гранки, четири часа чекајќи помош: Познатиот македонски модел е еден од двајцата што паднаа во бездна на Караџица (ВИДЕО)

Се држев на две гранки, четири часа чекајќи помош:  Познатиот македонски модел е еден од двајцата што паднаа во бездна на Караџица (ВИДЕО)

Моделот Стефан Спирковски е еден од двајцата повредeни кои паднаа во бездна возејќи се со четирицикл, пред два дена на планината Караџица.

Тој денеска се обрати преку видео порака на социјалната мрежа Инстаграм. Вели дека заедно со сестра му и со друштво на други брат и сестра и нивниот татко, со три квадроцикли биле во Бегово Поле.

„На враќање, Илина, другарката на сестра ми, сакаше да вози. Јас бев совозач, на една кривина излетавме и паднавме во провалија длабока некои 50-ина метри. Среќа што имавме кациги. Ситуацијата беше страшна. Удрив во еден камен. Се имав задржано на две гранки, и така чекав некои 4 часа да дојдат од пожарната служба и од Црвен крст, мислам. Ме ставија на кревет и со дигалка ме креваа нагоре. Можеше да биде многу полошо“ – вели тој и најави дека следен пат ќе се обрати кога ќе излезе од болница, зашто при падот му се скршил и телефонот“.

Фото: Инстаграм принтскрин/stefan_spirkovski

 

To top