Актерот Џејсон Момоа важи за еден од најзгодните на светот, а тоа продолжува да го покажува на секој чекор. Без никаков срам се соблече и остана во „хавајскиот костим“ кој ги крие само гениталиите, а го разголува задникот.
Џејсон влезе во студиото во розево долго палто и виолетов свилен костум, по модел на еден од неговите ликови, а се почести и со пиво.
Џими Кимел и актерот имале интересен и хумористичен разговор во кој водителот рекол дека се чувствува безбедно кога Џејсон е до него и дека може сите да ги спаси. Разговорот го продолжија со темата за многуте тетоважи на Момоа, а покажаа и фотографија од актерот кој стана популарен меѓу женската популација, фотографија на која пеца во танга.
Џејсон објасни дека неговиот моден избор е всушност традиционален хавајски костим и дека е исклучително удобен. Тој кажа и дека постојано го носи под облеката, па се соблече и го покажа во емисијата.
Актерот се соблече и уште еднаш ги остави без здив сите жени во студиото, но и тие зад малите екрани.
Фото:Принтскрин/Јутјуб