Мадона сподели видео на кое танцува, тверка и скока во долна облека на „TikTok“ во петокот, а обожавателите се многу загрижени за неа поради нејзините „вознемирувачки“ објави на социјалните мрежи, пишува „Page Six“.
Во најновото видео, 64-годишната поп-кралица носеше црн градник од тантела, црна долна облека со висок струк и мрежести хулахопки и танцуваше. По гледањето во камерата во првите неколку секунди, кралицата на попот почна во еден момент да ја поднаместува долната облека. Потоа го извади јазикот за да ги излиже усните, се сврте кон камерата за да го покаже својот градник и почна да тверка. Фановите веднаш во коментарите ја изразија својата загриженост за 64-годишната Мадона.
@madonna♬ L$d – Luclover
– Ова не е Мадона што ја познавав – напишал еден обожавател.
– Потребна е итна интервенција – отворено коментираше еден од следбениците.
– Чувствувам дека се што сум знаел е само една голема лага. Ова ми ја скрши душата – додаде друг корисник. Другите пишуваа работи како: „Трепни ако ти треба помош“, „Сега почнуваш да ме плашиш!“ и „Мадона повеќе не постои… Немам поим која е таа личност“, „Најлошото нешто е кога баба се обидува да биде секси“… Некои фанови застанаа во одбрана на својата омилена пејачка и тврдеа дека Мадона треба да може да објавува што сака.
– Кажете што сакате за Мадона, но таа е легенда – коментира еден верен обожавател. – Мадона отсекогаш била контроверзна. Зошто сите мислевте дека ќе се промени со возраста? – праша еден.
Да потсетиме, Мадона во текот на целата своја кариера ја поддржуваше ЛГБТ заедницата, па поради ова многумина мислеа дека и таа е дел од неа, што поп ѕвездата неодамна и го потврди.
Фото:Принтскрин/Инстаграм