Радио Милева По 12 часа постигнат е договор

На Пике нема да му се допадне она што имаат да го кажат неговите родители за скандалозната разделба со Шакира

На Пике нема да му се допадне она што имаат да го кажат неговите родители за скандалозната разделба со Шакира

Родителите на Жерар Пике го коментираа раскинувањето на нивниот син со Шакира, неколку месеци откако беше објавена веста за разделбата на поранешната двојка.

Коментарите на родителите уследија по одлуката на Пике да се повлече од фудбалот.

„Тој сега ја напушта Барса затоа што не сака да излезе на задната врата. Мора со мирна глава да ги реши проблемите со Шакира“, велат родителите на Пике, според зборовите на новинарката Лорена Васкез, пишува „Марка“.

Шакира и Пике раскинаа по 13 години врска во која ги добија синовите Саша и Милан. Сега е во врска со Клара Чиа Марти и повеќе не ја кријат новата љубов и покрај наводниот договор со бившиот партнер да не се појавуваат во јавноста со новите партнери, една година по раскинувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by shakira (@sakira.fan)

Според „Марк“, Шакира и Пике постигнале договор околу старателството над децата, а „Дејли мејл“ пишува дека колумбиската пејачка на почетокот на следната година ќе се пресели со синовите во Мајами, што и била првична желба, додека поранешниот фудбалер наводно сакал момчињата да останат во Барселона.

Договорот е постигнат по 12 часа преговори, се со цел да се избегне судење.

фото:DAVID/CORDONPRESS / Cordon Press / Cordon Press/Cordon PressFoto:Profimedia

To top