За задругарката Маја Маринковиќ често се вели дека „го сменила личниот опис“ и дека сега изгледа неспоредливо поинаку во споредба со првото појавување пред ТВ камери, нешто што може да се каже и за друга поранешна задругарка, Ермина Пашовиќ.
Ермина беше учесник во третата и четвртата сезона на „Задруга“, каде беше актуелна, а милионската публика ја запозна сосема природно, без корекции. Сепак, откако ја напушти четвртата сезона шоуто, Пашовиќ реши да се ослободи од сите несовршености кои со години и ја нарушуваа самодовербата, а резултатот е повеќе од совршен.
Еден од водечките проблеми на Ермина беше лицето со акни , па откако го реши проблемот со нив, отиде на ласерско отстранување на лузните. За ова одвоила од 150 до 250 евра по третман, а според извори направила четири од нив.
Набргу потоа го оперирала носот, а оваа интервенција започнува од 3.000 евра. Потоа посетила хирург да и ги подигне очните капаци и за тоа издвоила 900 евра, а сакала и мачкини очи чија цена е 4.000 евра. Ермина ги среди градите и за нив потроши 3.800 евра, но и нови јаболчници за 900 евра.
Пашовиќ не застана тука, туку ги зголеми усните кои ја чинеа околу 500 евра, но ја коригираше и ја обликуваше вилицата со методот „Jaw lan“ кој се прави со хијалуронски филери и чини до 1.000 евра. За да го постигне посакуваниот изглед, поранешната соработничка отишла и на ботокс во три региони, за што платила околу 250 евра. Сè на сè, кога ќе се земе предвид сето она што на Ермина не и се допаднало и што променила, сето тоа ја чинело 15.250 евра.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстгарам