Актерот Крис Евaнс е прогласен за најсексапилниот маж на светот за 2022 година според магазинот „People“.
41-годишниот американски актер прогласен е за овогодишен победник во шоуто „The Late Night with Stephen Solbert“. Откако водителот на шоуто го кажал името на актерот публиката почнала да свири и ракоплеска.
„Мојата мајка ќе биде толку среќна. Горда е на сè што правам, но ова е нешто со што може навистина да се пофали“, искоментирал Крис.
View this post on Instagram
Инаку, Крис Еванс титулата за најсексапилен маж требаше да ја добие пред две години, но луѓето од магазинот „People“ мислеле дека подобро е да почекаат откако актерот поставил фотографија од својот пенис на интернет.
Имено во септември 2020 година Еванс случајно вчитал гола фотографија додека се обидувал да направи видео-повик на Инстаграм.
View this post on Instagram
Еванс набрзо потоа ја избришал фотографијата, но било предоцна поради тоа што истата била објавена на Твитер и станала вирална.
Крис Еванс е американски актер којшто кариерата ја започнал во улоги во телевизиски серии, како што е „Opposite Sex“ во 2000 година. Во разговор за „People“ тој признал дека по 22 години кариера одлучил малку да забави и да се посвети на активностите во слободно време. Тој настојува времето да го поминува со своето семејство во Бостон.
View this post on Instagram
Најпознат е по улогите на Капетан Америка во филмовите на „Марвел“, но и како Human Torch. Глумел во филмот „Fantastic Four“ и неговото продолжение во 2007 година. Крис Еванс во 2014 година го имаше и режисерското деби во филмот „Before We Go“ во којшто исто така и глумеше.
фото:Инстаграм