Душица Јаковљевиќ сакала да направи естетска корекција на носот, но операцијата била одложена, а таа ја открила причината.
Водителката Душица Јаковљевиќ често отворено зборува за естетски корекции, а не крие дека и самата имала такви. Вложува многу во својот физички изглед, кој значително се промени од почетокот на нејзината кариера до денес. Душица овој пат решила да го корегира носот, но операцијата не се случила, а водителката откри зошто.
„Денеска требаше да бидам оперирана, сепак потребна е подготовка, мора да се поклопат разни работи здравствено, за операцијата да биде целосно безбедна и она што треба да се коригира на вистински начин. Решивме да ја одложиме операцијата поради тоа, за почетокот на декември“, рече таа, пренесува Пинк.рс.
„Се испостави дека сум во најдобрите раце, во рацете на доктор кој ништо не остава на случајноста и кој секогаш го сака најдоброто за своите пациенти. Поради девијацијата и проблемите со дишењето решив да одам на споменатата процедура. Но, токму и поради тоа, ја одложивме операцијата, сега одам на прегледи, а кога ќе се исполнат сите услови, тогаш ќе се подложам на процедурата“, изјави водителката.
На социјалните мрежи, пак, не престануваат коментарите за нејзините стари слики. Остана ли нешто нејзино ?“, „Жената повеќе не личи на себе“, „Што направи од себе, женска главо“, се само дел од пораките кои можат да се најдат на Твитер за овој повод.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Душица Јаковљевиќ