Најпознатата македонска модна блогерка, згодната струмичанка Љупка Митрова има нова тактика како да го привлече на себе вниманието. Нејзината генијална стратегија за привлекување на туѓото внимание се вика: Пози(рање) на патот!
Нејзините провокативни фотосесиите среде џаде се најновиот хит на социјалните мрежи. На нив сексапилната струмичанка во разни пози, во различна гардероба која најчесто доволно открива за да не покрива таму каде што се фокусираат сите погледи, на различни локации…
Па така имате: Љупка во дивина на кривина…
…Љупка клечи крај банкина пред кривина на автопатот…
…Љупка со дупло полно отпозади на полна линија по стариот регионален пат…
…Љупка во мини на локален пат без асфалт…
… Влажна Љупка од дождот на влажниот коловоз, во еротски набој пред опасен завој…
Ма, нема пат со или без дупка, каде што ја нема Љупка!
Затоа безбедносните органи задолжени за сообраќајот почнаа сероиозно да бидат загрижени. Се шушка дека поединци во РСБСП почнале да размислуваат да предложат да се постави нов знак на македонските друмови. И тоа од оние знаци за предупредување и општа опасност. Со тоа што знакот за општа опасност да биде заменет со знак за „општа возбуда“: „Љупка на патот“!
Само додека тие се одлучат, Љупка отиде подалеку. По друм одам, по друм итам и се сликам, па згодната убавица стигна и до Охрид.
А штом Љупка се појави на пристаниште, следува нова беља. Капетанијата е на нозе! Сега и водениот или поточно езерскиот сообраќај е доведен во опасност!
Ај да те видам оди паркирај и прикотви го бродот, а да не заринкаш во пристаништето кога Љупка ќе го соблече здолништето, па по танга костим ќе се појави крај брегот?
Единствено кајчарите се задоволни. „Дан’ требит кајче? Требит! И не морат нигде да возит! Нека си стоит укотвено онде, до брегон… Со поглед на Љупка… Овај, пардон, со поглед на пристаниште… З’ш езероно го имаме видено“!