На 12-ти Ноември, сабота, со почеток од 19:00 часот во Хол Оф Леџендс, железничка станица, ќе се оддржи фестивалот “ОСЛОБОДУЕЊЕ НА СКОПЈЕ”, каде ќе настапат скопските андерграунд легенди : НО НЕЈМ НЕЈШН, ФЛУКС, ЛОШИ ДЕЦА, БРУКА и младите ПРЕКУ РЕД, како и ДИЏЕЈ ЖОЛТИМАН.
Бендовите од двете гаражи кои повеќе од 20 години создаваат македонска андерграунд музика ве покануваат на одлична, бескомпромисно жустра журка, каде ќе се дочека празникот 13-ти Ноември.
Цената на влезниците е 250 денари, програмата започнува од 19:00 часот и ќе трае до 13-ти Ноември, бендовите ветуваат одлична програма исполнета со нивните најпознати песни .
Целта е преку музика од легендите на скопскиот андерграунд звук да се ослободи Скопје од кичерајот и шундот кој го држат под окупација.
Ова е прва година на фестивалот за кој се надеваме да стане традиционален и да порасне во позната скопска приказна за урбаниот подземен звук и борба.