Џенифер Лопез дефинитивно живее втора младост! Пејачката никогаш не изгледала подобро, посекси и позаводливо и покрај тоа што веќе навлегува во шестата деценија, а тоа не се двоуми да им го покаже на своите следбеници.
Таа неодамна на Инстаграм сподели серија заводливи фотографии на кои позира во долна облека. Најпрвин во бел корсет од тантела и сатенска бањарка.Џеј Ло на фотографиите ја покажа својата понежна, а сепак исклучително секси страна, а го истакна своето бујно природно деколте.
View this post on Instagram
Веднаш потоа пејачката и актерка сподели нова фотосесија, со слична содржина, само овој пат во црна комбинација.
View this post on Instagram
Инаку, веќе неколку недели се шпекулира дека славната 53-годишна девојка поминува низ брачна криза со Бен Афлек, а овие гласини ги подгреаа фотографиите на кои таа не носи бурма.Двојката не ги коментираше овие шпекулации, всушност Џенифер ги сподели овие секси фотографии веднаш по нив.
Призор за возбуда, кој ќе ве натера да гледате уште долго во бујните облини на Џеј Ло!
Фото: Инстаграм принтскрин/jlo