Горан Бреговиќ доживеа несреќа поради која мораше да ги откаже концертите, јавуваат тамошните медиуми.
Имено, познатиот музичар за време на престојот во Париз паднал од скутерот и тешко го повредил рамото.
Раката на Бреговиќ моментално е имобилизирана, поради што беше принуден да ги откаже закажаните концертит во Мексико.
Да потсетиме, Бреговиќ имаше слична повреда во 2008 година, кога при берење цреши падна од височина од четири метри и го повреди лумбалниот пршлен.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/АТа Имаџес/А.Ахел