Радио Милева блиски роднини

Малкумина знаат дека оваа позната дама од естрадната сцена му е сестра на Бора – Чорба (ФОТО)

Малкумина знаат дека оваа позната дама од естрадната сцена му е сестра на Бора – Чорба (ФОТО)

Бора Ѓорѓевиќ е на естрадната сцена е со децении, а за него се’ уште има информации кои се непознати. Еден непознат податок на пример е дека неговата сестра е позната дама од естрадната сцена.

Тоа е Биља Крстиќ, со која Бора има успешно соработувано неколку пати. Тоа таа го откри во 2004 година, кога се појави на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостуваше во воведната песна „Мобилен“.

„Да ви кажам една тајна, можеби не знаете. Јас и Бора сме роднини. Ние сме брат и сестра. Затоа навивам и по таа линија, за него“, изјави тогаш Биља. Нивната соработка датира од 1975 година. Во тој период двајцата беа членови на легендарната акустичарска група „Сунцокрет“.

Сепак дали се родени брат и сестра или само блиски роднини – „брат и сестра“ од вујко, тетка, стрико… како што Србите ги нарекуваат своите братучеди, Биља не откри!

Фото: Јујуб принтскрин

To top