Мегафон хуманитарна објава

Македонската мисица Билјана Јаневска со апел: Ве молам да му помогнеме на овој мал ангел (ФОТО)

Македонската мисица Билјана Јаневска со апел: Ве молам да му помогнеме на овој мал ангел (ФОТО)
Македонската мисица и модел Билјана Јаневска се јави во нашата редакција сакајќи со своето влијание да помогне со еден хуман гест, во кој ги моли сите добри луѓе да донираат онолку колку што можат за да се спаси еден млад живот.
Се работи за петгодишната ќерка на нејзина добра пријателка, која мора да подлежи на скапа операција во странство. Затоа мисицата преку социјалните мрежи но и помошта на медиумите се обидува да помогне да се соберат колку е можно повеќе средства кои му недостасуваат на семејството.
Драги мои, ова е АНАСТАСИЈА!
Анастасија – медицински феномен, е 5-годишно девојче чија борба за живот почнала започнала кога нејзиниот близнак починал во утробата. За жал, смртта на нејзиниот брат близнак оставила значителни последици по нејзиното здравје.
Од четири месеци таа се бори со церебрална парализа и прави се за да ги направи првите чекори.
Детската болница Сент Луис се согласи да ја изврши многу сложената SDR операција на Анастасија по цена од 60.000 долари. Како дете на самохрана мајка, на Анастасија ѝ е потребна нашата помош за да стигне до Сент Луис, Мисури, на нејзината операција во февруари.
Можеме да и помогнеме на Анастасија да го има детството што секое дете го заслужува. Таа е најпрекрасното девојче на целиот свет, сонцето што не греее. Прегратка и бакнеж што топи сечие срце. Јас тоа можам да го потврдам затоа што се топам кога ме бакнува.
Секоја донација е корисна и бесценета.
Семејството на Анастасија ќе Ви биде бескрајно благодарно доколку помогнете“ -споделила мисицата во своето јавно обраќање кое стигна и до нас.

Мајката на Анастасија, Катерина инаку е блиска  блиска пријателка на нашата мисија и знаејќи ја оваа сторија таа не можела  да остане рамнодушна, а да не помогне. Недостасуваат уште 40.000 $, а рокот е до 15 ти декември да се сооберат финансиски средства за лекувањето на Анастасија.

„Јас искрено се молам и се надевам дека во Февруари ќе Ви јавиме со добри вести!“ – ни изјави Билјана споделувајќи линк со сметките на кои може да се изврши хуманитарна уплата, повтроно потенцирајќи дека секоја донација е корисна и бесценета.

To top