Радио Милева „спасители“

Тони Зен со синчето заглавиле во лифт: Храбрите пожарникари веднаш интервенирале (фото)

Тони Зен со синчето заглавиле во лифт: Храбрите пожарникари веднаш интервенирале (фото)

Хип-хоп артистот Тони Петковски, познат како Тони Зен, и неговиот тригодишен син Јасен се нашле во многу непријатна ситуација. Имено, тие биле заглавени во лифт еден час, па морала да интервенира и противпожарната служба.

„Благодарност до пожарникарите кои бргу дојдоа и нѐ одглавија од лифотот во кој бевме заглавени еден час“, напиша раперот на својот инстаграм-профил и јавно им се заблагодари на пожарникарите.

За потсетување, Тони се ожени со својата долгогодишна девојка Валентина Јованова во 2019 година, а истата година станаа и родители на преслаткиот Јасен.

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тони Зен

To top