Радио Милева со многу истрајност

Тијана Дапчевиќ откри како со промена на животниот стил успеала да симне 45 килограми

Тијана Дапчевиќ откри како со промена на животниот стил успеала да симне 45 килограми

Пејачката Тијана Дапчевиќ во бременоста со синот Вук пред деценија ипол, се здебелили  и пред да се породи имала 115 килограми. Сепак, таа реши да го промени начинот на живот и успеа да ослаби 45 килограми, информација за која српските медиуми пишуваат и денес.

– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бедра – открила пејачката во една прилика за српските медиуми.

Таа одлучи да го промени својот животен стил.

– Решив да направам нешто околу тоа. Сепак, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот – изјавила тогаш таа.

Решила секој ден да го започне со овесна каша со чиа семе и црвено овошје, за ручек најчесто јаде мисирка со зеленчук, а за вечера избира салата.

– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, често се опуштам и се дебелеам – тврди пејачката.

Сега Тијана се почесто покажува дека е задоволна од својот изглед и килограмите, а дека сатисдакцијата е на ниво, се гледа во секое нејзино издание.

фото:Instagram/tijana dapcevic

To top