Радио Милева Со нив се' започна...

Убавиците што го покренаа „ТВ магазинот од зад сцената“: „Backstage“ наполни 15 години, а овие дами беа првата постава (ФОТО)

Убавиците што го покренаа „ТВ магазинот од зад сцената“: „Backstage“ наполни 15 години, а овие дами беа првата постава (ФОТО)

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави. Од тотални анонимуси кои прв пат застануваат прд камера, до познати лица, популарни јавни фаци, манекенки, модели, пејачки, веќе профилирани ТВ водител(к)и и новинар(к)и. Букавално разно – разни профили на карактери… И приправници и веќе печени професионалци.

Ако се изземе темелот на ТВ проектот кој цврсто стои на земја и ден денес, продуцентите Петар Наумовски  и Александар Блажевски, се друго било минливо и менливо: и техничката екипа, новинарите, водителите, телевизиите, локациите, родендените… Но сепак, сите што работеле во „Бекстејџ“, оставиле свој печат, свое „парче душа“ свое зрно од сопствената ДНК во проектот, кој затоа е и таков и таму каде што е и по петнаесет години – на врвот!

Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс… така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Новинарско-водителската екипа воглавно женска. Се сами дами, со по некој исклучок. Иако велат дека женската суета е најсилна и најизразена во многу нешта па и во работата, дека жените тешко се поднесуваат меѓу себе ставени на исто место, дека успехот и квалитетот на едната, латентно или отворено го урива другата, токму  успехот на „Бекстејџ“ покажа дека тоа баш и не е секогаш така!

Новинарско-репортерскиот и водителски тандем Марија Петровска – Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“.

Покрај нив, репортерско- водителската оска ја сочинуваа исто така веќе профилираните ТВ лица како Снеже Велков и Миа Костова со претходно водителско ТВ искуство зад себе, засилени со една убавица која многу повеќе била на модните писти и на насловниците на модните магазино отколку пред камера, тогаш познатата мисица и манекенка,  Драгана Чуприна, која со својата убавина, шарм и сексапил го надоплнуваше водителското неискуство.

Ако ним им се додаде уште искусната новинарка Александра Сани Тимковска (Вечер), како и ударната водителска двојка, моделот и лото девојка Марјана Станојковска и сега за жал покојниот поп пејач и актер, Влатко Илиевски…

…заедно и луѓето од техниката ( сниматели, монтажери, графика, светлаџи, тонци…), тоа отприлика е тимот кој го „кршеше мразот“, екипата која прва тргна да го гази трнливиот пат кон успехот на „Бекстејџ“.

Денес, заради разно разни животни и професионални околности никој од нивповеќе не е во екипата. Марија Маца Петровска сега живее во Словенија.

Работи адвертајзинг и маркетинг, а само повремено се занимава со професијата работејќи на едно локално радио.

Јулија Цветковска исто така работи во маркетингот на една голема странска компанија во Скопје, но ТВ проекти одвреме-навреме се уште подготвува и води.

Како „Флексија“ кој одеше на ТВ 24, потоа „Сигурна работа“  или оној последниот „Нихао“, во соработка со Амбасадата на НР Кина, кои одешеа на ТВ Телма.

Снеже Велков по напуштањето на „Бекстејџ“ и ТВ Сител му се посвети на пилатесот работејќи како инструкторка  по оваа физичка активност.

Паралелно полека му се врати и на ТВ водителството, па преку проектот „ВИП на еден ден“  по коронапандемијата повторно е актуелна со новата емисија – „Нешто конкретно“.

Миа Костова долго беше „прво ТВ лице“ и еднина и множина на „Бекстејџ“.

Но, по заминувањето му се посвети на инфлуенсерството,а само одвреме-навреме знае да се појави во улогата на  водителка, најчесто на некој настан или манифестација.

Драгана Чуприна откако излезе од „Бекстејџ“ се врати во родното Тетово, омажи, доби принова и комплетно се повлече од јавниот живот.

Марјана Станојковска и денес е лото девојка и  веќе профилирана и искусна водителка.

Влатко Илиевски за жал прерано не напушти, откако замина од овој свет на 6-ти јули 2018 година.

Александра Сани Тимковска се’ уште работи како естраден новинар во македонските портали, ТВ водител и ПР менаџер на многу од познатите домашни и регионални пејачи, естрадни настани, концерти, ивенти,фестивали, локали…

А „Бекстејџ“…? И по 15 години, со некои „нови деца“  се’ уште „жари и пали“ на телевизиските екрани!

To top