Македонската ТВ водителка Елена Стефановска која се омажи летово со својот избраник Бојан Најдовски, ужива во брачниот живот, но тоа што ја исполнува и задоволува не го запостави.
Водителката со стил секогаш е практична во остварувањето на зацртаните цели, никогаш не чека да и биде сервирано туку работи и создава водена од амбициите.
Минатиот месец таа му приреди мега роденденска забава на сопругот и не штедеше пари и енергија за нејзиниот тазе сопруг.
Елена секогаш привлекува големо внимание во јавноста, како поради модните комбинации, така и поради изгледот, кој се истакнува од морето трендови. Овој пат таа преку нејзиниот Инстаграм сподели фотографии со кои предизвика голем број на позитивни коментари кои продолжуваат да се редат.
Благодарение на нејзината убавина и талент, таа како да е секогаш на модна ревија, а често учествува во бројни модни кампањи. Во најновата објава позираше во многу елегантна пристојна и неутрална облека и повторно на дело ја покажа нејзината убавина и привлечност.
Во есенски стајлинг, беспрекорно облечена, Елена носеше класично црно здолниште со бела кошула а над тоа двобоен тренч мантил со каиш од позната марка. Додека сето тоа го искомбинирала со црна чанта без дополнителен детал кој би го привлекол вниманието на нејзиното модно издание.
Подеднакво интересен е и изборот на обувки — Елена носеше кратки чизми на нозете, кои во последно време често ги гледаме кај латино дивата Џенифер Лопез. Од нив ѕиркаа белите чорапи и елегантно се вклопуваа со неверојатно високите потпетици.
„Замислете ги вашите соништа. Создадете ја вашата среќа. Живеј го својот живот!“ пишува во описот на новата објава на нејзиниот Инстаграм.
Стефановска често споделува фотографии на кои позира и се труди максимално да го прикаже својот живот и изглед што е можно пореално, а со тоа инспирира бројни припаднички на понежниот пол.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстагарм/Елена Стефановска