Радио Милева со цврст став

Мајката на Новак Ѓоковиќ откри детали за неговите животни правила: Најтешко му било што мора да се оперира

Мајката на Новак Ѓоковиќ откри детали за неговите животни правила: Најтешко му било што мора да се оперира

Мајката на Новак Ѓоковиќ се присети на тежок период од животот на нејзиниот син кој пред неколку години мораше да ја оперира раката, а деталите за се’ што му се случи ги опиша во едно од ретките телевизиски настапи на Марина Рајевиќ- Савиќ во емисијата „Додека спијат ангелите“.

Она што тогаш го кажа Дијана Ѓоковиќ најдобро ја опишува силата на карактерот на најдобриот тенисер.

– Новак постојано бара нови знаења. Нешто што не ни е достапно, што би се реколо за нас смртниците, не ни блиску. Заинтересиран е за исхрана, терапии, алтернативни методи. Тој не е приврзаник на класичната медицина, што е веќе познато, но имаше една епизода кога мораше да се оперира – ја започна својата исповед мајката на Новак Ѓоковиќ и истакна дека Ноле се обидел да ја избегне операција додека тоа не станало неизбежно.

-Кога се разбуди од анестезијата ми кажа дека се изневерил. Му објаснив дека го направил тоа што треба да го направи и дека ако сака да продолжи да игра, тоа е неопходно. Се обиде со алтернативни методи, се’ што му беше достапно, но ништо не делуваше. Новак едноставно е против тоа, не сака лекови, не сака да внесува ништо во телото. Љубопитен е, чита се’ што ќе му падне при рака, се образува… А таа диета, не знам дали би ме задоволила мене или на некој друг, но нему му одговара. И не можам да кажам ништо, бидејќи ми ја затвори устата со неговите резултати. Тоа што сме навикнати на месо и дека веруваме дека тоа е единствен извор на протеини, тој докажа дека не е – изјави мајката на Новак Ѓоковиќ.

Најдобариот тенисер денеска е во полна снага и го очекуваат мастерс турнирите во Париз, а потоа и во Торино.

фото: Guliver Getty Images/Profimedia

Поврзани теми

To top