Радио Милева неуморен

Раста сврте нов лист: Ги остави пороците и се посвети на здрав живот, а со овој потег ги шокирше сите (фото)

Раста сврте нов лист: Ги остави пороците и се посвети на здрав живот, а со овој потег ги шокирше сите (фото)

Стефан Ѓуриќ Раста веќе подолго време се грижи за својот изглед и здравје, а за тоа поткрепува и видеото кое го објави на својот Инстаграм профил. Имено, и покрај тоа што работи со полна брзина, раперот не го запоставува и тренингот, од што можеме да заклучиме дека здравјето сега му е на прво место.

Видеото на Ѓуриќ на кое неуморно прави склекови предизвика лавина позитивни реакции, а стотици фанови му порачаа да продолжи да работи на себе и да им покаже на сите дека ги оставил своите пороци и нездравиот начин на живот во минатото.

Иако пред зората го заврши својот настап пред неколку илјади луѓе, раперот се разбудил рано и утрото го започнал со тренинг во својата хотелска соба.

Да потсетиме, раперот Стефан Ѓуриќ Раста по разводот со Ана Николиќ ја најде среќата со својата партнерка Марија Балабан, а дека врската е сериозна говори и фактот што ја запозна својата ќерка со нова девојка.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Стефан Раста/Дамир Дервишагиќ

To top