Тијана Дапчевиќ отсекогаш важела за јавна личност за која стилот и модата е индивидуална работа, па иако секогаш е во тренд, таа е модна индивидуалка која не се претопува во толпата конформисти.
Препознатлива фризура, секогаш средени нокти, специчичен избор на стајлизи кој граничат со унисекс или со еден збор, негувана дама во секој поглед која зрачи со маркантност.
Дапчевиќ е позната по андрогениот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа и фотографиите каде имала „испади“ во некое поженствено и за неа несекојдневно издание, се изненадувачки.
Тијна од неодамна е член на жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ од каде постојано е пред камери со нов изглед и инспирација за следната емисија.
View this post on Instagram
На најновото последно снимање, со изборот на аксесоари и облека, таа не потсети на светски познатата модна легенда Ајрис Апфел.
Пред се поради бојата на косата и фризура, а најмногу по кружните очила кои се заштитен знак на Ајрис, која всушност е инспирација за светските модни дизјнери што веројатно си создале и очилата кои ги носи Тијана.
За оние што можеби првпат се сретнуваат со нејзиниот лик и дело, Ајрис Апфел долги години работела како моден дизајнер и дизајнер на ентериер, страствен патувач е кој од секое место бара естетика која ќе ја донесе до инспирација, а притоа има место во нејзиниот дом.
View this post on Instagram
Својата кариера ја почнува во 40-тите како новинарка на Women’s Wear Daily, еден од најваторитативните модни весници, а во текот на кариерата се занимава со дизајн на накит и со уредување на ентериери. Така, таа со сопругот, го декорира просторот во Белата куќа за девет претседатели, а заедно ја основаат и текстилна компанија.
View this post on Instagram
Самата на шега се нарекува „геријатриска старлета”, а всушност бидувајќи тоа што е, им дава домашна задача на жените кои бараат внимание притоа копирајќи се едни со други. Имено, таа е и најстарата жена за која е изработена Барби кукла.
Ајрис е позната и по своите мудри мисли за убавината и модата, а меѓу последните таа вели:
-Во изминатите 100 години научив дека стилот е се’, а со тоа и многу подобро место за да се искажеш отколку во кујната, Вели Апфел.
View this post on Instagram
Нашата Тијана Дапчевиќ е вистински пример на жена која совршено знае да го изрази и автентично да го претстави визуелно она што го чувствува како најдобро за себе.
View this post on Instagram
Tотално поразлично од останатите, а со тоа, таа дефинитивно би била еднен од идеалните примери на Ајрис.
фото:Instagram Iris Apfel/Tijana Dapcevic/COURTESY MATTEL