Мадона (64) не престанува да привлекува внимание со својот изглед и скандалозното однесување. Поп иконата со месеци е во јавноста поради разголените фотографии кои ги споделува на мрежите, како и поради претераната обработка на сликите.
Сепак, нејзините последни фотографии кои ги објави на Инстаграм буквално ги шокираа дури и нејзините најверни фанови. Овој пат таа ги почести своите следбеници со нови слики, на кои во преден план се нејзините бујни гради.
„На оваа жена и треба помош“, „Морничаво“, „Бабо престани, никому не си интересна“, „Штета е некој да не и каже дека постојано се бламира себеси“, „Карикатура во движење “, ова се само дел од коментарите на нејзината објава.
Потоа следеше уште една фотографија на која седи во црн корсет, а овој пат во центарот на вниманието беше нејзиното меѓуножје.
Многумина се прашуваат што се случува со Мадона? Дали се работи за средовечна криза, поради што не престанува да се однесува промискуитетно и решила да направи низа интервенции поради кои речиси и не личи на себе?
Да потсетиме, Мадона во последните месеци беше мета на критики поради преголемиот број пластични операции и користењето фотошоп. Странските медиуми јавуваат дека кралицата на попот потрошила над 200.000 американски долари на операции.
Премногу ботокс, пластични операции и прекумерна употреба на филтри доведоа до фактот дека Мадона денес не личи на себе. Кога ќе ги погледнете нејзините слики од почетокот на нејзината кариера, како и сликите направени пред околу 10 години, како и оние денес, станува збор за речиси сосема друга личност.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона