Ксенија Кнежевиќ, поранешна членка на групата „Хурикајн“, привлекува големо внимание кај јавноста и со талентот за музика и со својот изглед. И додека пејачката често зборува за врската со нејзиниот татко Ненад Кнежевиќ Кнез, малку се знае за нејзината мајка.
Во 2013 година, Кнез се разведе од поранешната сопруга Нина, со која имаше две ќерки. А како што велат многумина, Ксенија многу личи на Нина. Иако талентот за музика го наследила од својот татко, се чини дека убавината ја наследила од мајка си, а доказ за тоа се фотографиите на Нина објавени на Фејсбук.
Ненад Кнежевиќ Кнез и Нина се венчаа во ноември 1995 година во Белград, додека мајката на Ксенија била бремена со неа во осмиот месец.
Нина важеше за една од најубавите жени во тоа време, многумина ја сметаа за најфатална белграѓанка, но таа избегнуваше да се појавува во јавноста, што е случај и сега.
Инаку, Нина и Кнез беа во брак со години, во кои покрај Ксенија добија уште една ќерка – Андреа.
Пејачот еднаш изјави дека разводот дошол како резултат на долгогодишно несогласување во карактерот.
Фото:Принтскрин/Фејзбук