Пејачката Нина Бадриќ неодамна откри дека ослабела 20 килограми, а сега ја променила и фризурата, а судејќи по првите реакции на јавноста направи полн погодок.
Нина ја скрати долгата коса до рамо и ги шармираше обожавателите, а многумина коментираат дека сега изгледа уште помладо, „како мало девојче“.
View this post on Instagram
Нина моментално ужива на семеен одмор во Италија, од каде секојдневно објавува фотографии и со насмевка кажува колку е среќна, а новата фризура ја направи уште поубава. Познато е дека во регионот важи за една од најубавите и најприродни жени од музичката сцена, а овој пат повторно го докажа тоа.
View this post on Instagram
– Ти благодарам животу, срцето ми се насмевнува – напишала Нина со една од објавите.
Пејачката очигледно и самата е задоволна од промената, а има и добра причина бидејќи навистина блеска!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Нина Бадриќ