Радио Милева врвно

Видовме многу маскирани за „Ноќта на вештерките“, ама Даниел Кајмакоски ќе ве извади од памет (фото)

Видовме многу маскирани за „Ноќта на вештерките“, ама Даниел Кајмакоски ќе ве извади од памет (фото)

„Ноќта на вештерките“ денес се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, а иако црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат.

Овој глобален тренд на маскирање од година во година станува се поактуелен и кај нас.

Дел од познатите Македонци решија да се забавуваат за овој ден, па без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества.

Меѓу нив беше и пејачот Даниел Кајмакоски кој од Белград, градот каде неколку години  живее, прати еден страшен поздрав за „Ноќта на вештерките“.

Уште откако се претстави и победи во шоуто „Твоето лице звучи познато“, познато е дека Даниел е одличен имитатор и е доста вешт и во глума. Па така, неговата маска овој пат ги извади од памет следбениците на Инстаграм.

Инаку, Кајмакоски периодов е актиелен во медиумите поради неговата приватност, односно новата девојка за која како што вели е се’ она што барал некогаш.

фото:Инстаграм приктскрин/даниел кајмакоски

To top