Оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, па и голем дел од следбениците на социјалните мрежи, особено младите, знаат дека двете ваеројатно најталентирани и најпопуларни пејачки од помладата генерација, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ се не само колешки, туку меѓудругото ако не најдобри другарки, тогаш сигурно многу блиски пријателки. Тоа многупати го покажале и јавно, споделувајќи фоторафии и видеа на социјалните мрежи од нивните приватни дружења.
По сите естрадно-кулоарски муабети, написи, објави… приказната за разделбата на Антониа Гиговска и нејзинот момче Иван Јованов стана уште поскокотлива и позаплеткана, откако токму нејзината (нај)добра другарка Мартија заврши со бившотото момче на Антониа…
До душа, само на иста сцена, откако во неколку наврати беше повикана да биде специјална гостинка на пејачот и неговите „Либеро бенд“ на нивните настапи. Оттаму веднаш почнаа да кружат и новите приказни, за наводната нова „естрадно-љубовна шема“…?
Мартија беше гостинка во Јутјуб емисијата „Жешко столче“ на водителот Никола Трпковски кој ѝ постави низа непријатни прашање. Едно од тие беше во какви односи е со Иван, поранешното момче на Гиговска?Дали Мартија навистина и го „украде“ момчето на својата другарка Антониа?
Што одговори Мартија и на какви сѐ други незгодни прашања одговораше младата кумановка седната на „жешкото столче“, погледнете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):
Фото и видео Јутјуб/ Zesko sloce и Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic