Пејачката Гоца Тржан проговори за траумата од раната младост кога нејзиниот најдобар другар ја злоупотребил нејзината доверба и се обидел сексуално да ја нападне.
Пејачката имала само 18 години кога била нападната, но успеала да се одбрани.
– Со мојот пријател бевме многу блиски, имав безгранична доверба во него, а тој го искористи тоа. Не ни сонував дека некогаш ќе се обиде да ми наштети и сакаше да ме натера на секс. Сакав само да го заборавам тој пекол, па молчев. Не го пријавив затоа што се плашев од осудата на оние околу мене: „Што правеше сама со него? Мислам дека и денеска жртвите молчат од истата причина – изјави пејачката за Информер.
Гоца ги советува сите жени внимателно да ги избираат пријателите и партнерите:
– Девојките треба да ги научиме да бидат опкружени со мажи на кои во секое време ќе можат да им кажат „не“ и да бидат сигурни дека некој ќе ги слуша. Кога влегуваат во врска, треба да внимаваат како дечкото се однесува со луѓето од неговата околина, … Доколку има некакви индикации за насилничко однесување, тоа значи дека тоа однесување нема да ве заобиколи ниту вас.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гоца Тржан