Радио Милева Погодок

По критиките дека е „буцка“ Ријана избра стајлинг за кој повторно предизвика реакции (фото)

По критиките дека е „буцка“ Ријана избра стајлинг за кој повторно предизвика реакции (фото)

Светската музичка ѕвезда Ријана неодамна се породи, а во постпартум периодот и не така брзо и успева да ги симне килограмите, што е нормално како и за најголемиот број жени.

Сепак, како славна личност таа не може да биде заобиколена од критики дека е „буцка“ иако е тазе породена жена.

Пејачката очигледно почна ова да ја засегнува па на последниот јавен настан каде се појави, таа носи фустан за кој овој пат предизвика рекации, ама позитивни.

Ријана заблеска на премиерата на филмот „Wakanda Forever“ на режисерот Рајан Куглер, која се одржа во Лос Анџелес.

Станува збор за долгоочекуваното продолжение на филмот „Black Panther“ за кое пејачката од Барбадос напишала песна со наслов „Lift Me Up“.

Ријана ја напишала песната заедно со Лудвиг Ван Горансон, Темс и Рајан Куглер која е посветена на ѕвездата на првиот филм, актерот Чедвик Боузман, кој почина во 2020 година по битката со ракот.

Обожавателите на пејачката едвај чекаат да дојде петок (28.10), кога песната ќе биде објавена во пресрет на официјалното излегување на филмот во светските киносали, со оглед на тоа што ова е прв нејзин сингл во последните 6 години.

Ријана на црвениот тепих и овој пат привлекла големо внимание со својот моден избор. Таа се одлучила за светкав макси фустан на Рик Овен од неговата колекција за есен/зима 2022/2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rihanna Fanpage (@rihannaturkiyex)

Американскиот дизајнер со мексикански корени е познат по своите карактеристични креации кои одново и одново ја доведуваат во прашање модата и нејзината функционалност. Тоа се гледа и на оваа светлозелена креација која е направена од светкав тенок материјал.

Тесниот модел ја нагласува женската силуета, а украсен е со предимензиониран „обрач“ од истата ткаенина позициониран околу колковите кој овој пат беше вистинскиот модел за Ријана.

фото:Instagram/Getty Images

To top