Италијанската спортска новинарка Дилета Леота има нова љубов, пренесува „Gente“. Станува збор за голманот Лорис Кариус којшто бил предмет на потсмев, но знаете како велат – тркалото на среќата се врти.
„Gente“ пишува дека Дилета која е по потекло од Германија, интензивно го учи англискиот јазик за полесно да може да комуницира со своето ново момче.
View this post on Instagram
Јазичните бариери очигледно не им пречат во нивниот однос, во кој спортската водителка запловила по врската со турскиот актер Џан Јаман којшто поради својот атрактивен изглед го нарекуваат и Аполон од Турција.
Во меѓувреме се пишуваше за наводната афера на Леота и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, но станувало збор само за гласини.
Името на нејзиното сегашно момче сигурно им е познато на оние кои следат фудбал, а во случај да сте заборавиле следи потсетување.
View this post on Instagram
Кариус по Лигата на шампионите во 2018 година стана предмет на потсмев поради катастрофалните грешки во финалето поради тоа што носејќи го дресот на Ливерпул, практично му ја подари победата на Реал Мадрид. Тогаш него го исмеваа, а пропустите од тој натпревар се одразиле и на неговата кариера.
View this post on Instagram
Навивачите не ги забораваат лесно грешките, а откако се дозна за неговата врска со Дилета, најверојатно многумина ќе му завидуваат.
Настрана лошата одбрана на терен, овој голман е еден од најатрактивните спортисти. Со водителката тие изгледаат како физички атрактивен пар – се надеваме дека имаат и други сличности кои се многу поважни за една успешна врска.
Фото: Profimedia/Инстаграм принтскрин/canyaman