Радио Милева Се чувствува благословен

Даниел Кајмакоски со јавни изливи на љубов кон новата девојка: „Ти си она што сум го барал отсекогаш“ (фото)

Даниел Кајмакоски со јавни изливи на љубов кон новата девојка: „Ти си она што сум го барал отсекогаш“ (фото)

Пејачот Даниел Кајмакоски во месец септември преку социјалните мрежи на јавноста и откри дека е емотивно исполнет или деkа на љубовно поле му цветаат ружи со новата партнерка.

Идентитетот на убавата црнокоса се уште е непознат, а Даниел повеќе сака да ги искажува јавно своите емоции, отколку да открие која е таа што го освои.

„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“ – напиша до новите заеднички фотографии Даниел.

Кајмакоски неодамна го прослави својот 39-ти роденден, а воодушенен е и од порадокот кој го добил од саканата, а станува збор за црн кокер кој се вика Нера.

„Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам за мојата девојка која ме направи премногу среќен“ – напиша Даниел.

Последните објави на пејачот се најчесто со партнерката, а меѓу последните напиша дека со неа почнал да ја полни книгата на љубовта која се надеваме дека ќе биде дебела и полна со убави моменти од романтична и среќна содржина.

To top