Радио Милева страшно

За Тамара Ѓуриќ не важат сообраќајните прописи: Стралетата ја надминала дозволената брзина и возела без појас (фото)

За Тамара Ѓуриќ не важат сообраќајните прописи: Стралетата ја надминала дозволената брзина и возела без појас (фото)

Старлетата Тамара  Ѓуриќ редовно ги почестува своите следбеници со детали од приватниот живот, на својата приказна споделува неколку секојдневни активности, па овој пат на обожавателите им покажа како вози моторно возило без појас, на штикли, додека во автомобилот свирела гласна музика.

Ѓуриќ го снимила часовникот кој ја покажува брзината што ја вози и на тој начин им покажа на сите дека за неа не важат сообраќајните прописи бидејќи возела 192 километри на час на автопатот каде што се дозволени 130 километри на час, што се граничи со „насилничко возење“.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео од бесниот автомобил кој го возела додека ги слушала старите хитови на Лепа Брена.

Тамара оваа ситуација ја прокоментира дека била изненадена:

– Не ни забележав дека возам со таа брзина. Можеби возев, но не се сеќавам. Не бев јас, тоа беше моето алтер его – изјавила Ѓуриќ и додала:

– Што се однесува до безбедносниот појас, сигурно сум го ставила бидејќи автоматски се врзувам штом ќе влезам во автомобилот – заклучила старлетата.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Амиџи шоу

To top