Радио Милева По Антониа и без „Либеро“, или...?

По девојката, Иван Јованов остана ли и без бендот: Пејачот соло на сите полиња? (ФОТО)

По девојката, Иван Јованов остана ли и без бендот: Пејачот соло на сите полиња? (ФОТО)

Раскинувањето на естрадно-љубовната врска на поп пејачката  Антониа Гиговска и вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, се претвори во приказна во продолженија… Се развлече како турска серија во којзнае колку епизоди. И таман кога мислевме дека тука е крајот и се’ е веќе познато, откако обајцата решија, ако не до крај „да отворат душа“, туку „чат-пат“ само малку уста, па наговестија „каде љувовта испари и кој кого изневери“, еве нова сомнеж за нешто, што можеби би било уште пошокантно!

Имено, на последниот скопски настап на Иван и неговите „Либеро бенд“, на сцената во еден од најпознатите скопски ноќни локали на сцената му се придружи најдобрата пријателка на неговата бивша девојка. Оддамна беше познато дека Мартија Станојковиќ и Антоиниа Гиговска се повеќе од добри пријателки, па дури и другарки и себе си воопшто не се доживуваат како конкуренција, туку една на друга се еден вид поддршка и инспирација!

Веројатно токму инспириран од тоа, тогаш Иван ја покани Мартија да му биде специјална гостинка нему и на неговиот бенд на сцената во клубот, па оттаму тргнаа и сомнежите и новите шпекулации дека освен музичка се раѓа и „љубовна хармонија“ помеѓу двајцата пејачи.

Впрочем, кога можела неговата бивша да биде „повеќе од блиска“  со неговиот најдобар другар како што бруи чаршијата и се говори во естрадните кулоари, што не би и возвратил и тој на ист начин?

Некаква логика во оваа помисла можеби и има, но вистина секако – НЕ! Зашто и самиот Иван Јо0ванов овие шпекулации ги демантираше во интервјуто за најгледаниот естраден ТВ магазин „од зад сцената“!

Арно ама, дружбата на Иван и Мартија очигледно тука не застана. Нова седмица и нова најава повторно за заеднички настап на истото место… Клубот  со име за „пауза“ го најави ивентот на Инстаграм, а и самата Мартија како и Иван го сториле истото.

Но, овој пат во целата приказна не е во прашање некаква нова сомнеж за „љубовна сплетка“ меѓу двајцата млади пејачи, (иако и таквата можност никогаш не е исклучена), туку во прашање е нешто сосема трето.

Имено, во најавата за настапот, никаде го нема бендот. Иван Јованов е најавен дека настапува сам, а како негова гостинка на вечерта е најавена и Мартија!?

Дали тоа значи дека по Антониа, Иван Јованов остана и без „Либеро бенд“, односно сега пејачот е соло на сите полиња? И приватно и професионално… отсега сам?

Или можеби е тоа само случајна „печатна грешка“, пропуст од незнаење на оние што го подготвувале рекламниот материјал за ивентот?

Мартија до душа во своите Инстаграм приказани пробала случајно или намерно да ја „поправи грешката“ додавајќи го името и на Иван Јованов и на „Либеро бенд“ во нејзината лична најава на заедничкиот настап, ама… Останува до вечер да видиме?!

Фото; Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/jovanov_ivan

 

To top