Радио Милева Тежок луксуз

Саша Поповиќ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ дојде со машина вредна 180 илјади евра (фото)

Саша Поповиќ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ дојде со машина вредна 180 илјади евра (фото)

Саша Поповиќ купил „порше“ од 180.000 евра! Поранешниот директор на „Гранда“ го поднови својот возен парк со луксузно возило на четири тркала, со кое дошол на снимањето на „Ѕвезда Гранда“.

Поповиќ е голем љубител на автомобили, па не е чудно што искеширал толку многу пари.

– На секои три години купува нов автомобил. Така, по моделот БМВ и8 решил да седне во „порше тарга 4 с“, чиј основен модел чини 160.000 евра. Саша го избрал моделот со дошолнителна опрема кој чини 180 илјади евра, открива за Информер.рс извор близок до Поповиќ.

-Ми кажа дека максималната брзина му е 304 километри на час, а од нула до 100 километри на час постигнува за 3,8 секунди. Автомобилот е низок и спортски, што многу му се допадна на Саша. Ова е полн погодок за него!

Поповиќ не очекуваше дека неговиот нов болид ќе предизвика толкаво внимание во „Гранд“. – Знаев дека не требаше да дојдам со нов автомобил, кратко изјави Саша.

Како што дпишува Ало.рс, возниот парк на Поповиќ сега вреди 607.000 евра! Покрај најновото „порше“ има и три БМВ, два „Мерцедеса“.

фото:  ATA Images/Alo.rs

To top