Радио Милева Трагедија

Починал на лице место: Актерот од серијата „Вил и Грејс“ го загуби животот во сообраќајна несреќа

Починал на лице место: Актерот од серијата „Вил и Грејс“ го загуби животот во сообраќајна несреќа

Познатиот актер од серијата „Вил и Грејс“ трагично го загуби животот, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот комичар Лесли Џордан (67) загина во сообраќајна несреќа во понеделник наутро во Холивуд.

Официјални лица веруваат дека Џордан претрпел некоја форма на сериозна здравствена состојба кога изгубил контрола и удрил со својот автомобил во ѕидот на зградата.

Лесли Џордан има повеќе од 130 улоги, почнувајќи од 1986 година.

На публиката и е најпознат по улогата во серијата „Вил и Грејс“, за која во 2006 година се закити со наградата „Еми“, а се појави и во сериите „Жерени срца“, „Кул деца“ , „Call Me Kat“, „American Horror Story“…

фото:Guliver/Getty Images

To top