Сандра – Африка неодамна направи естетска операција на лицето и телото, а сега се појави во емисијата „Ами Џи шоу“ кај водителот Огњен Амиџиќ и ја покажа промената. Африка сите гости во емисијата ја пофалија дека изгледа совршено, а пејачката откри дека покрај операцијата на носот ги зголемила градите.
Како што рече самата, никогаш немала непријатни, љубоморни сцени од момчињата и покрај тоа што изгледа како „атомска секс бомба“ на која во секоја прилика се лепат „влажните машки погледи“ на околината.
„Ја немам лозинка на телефонот, но не дај Боже да го загубам, иако веќе се случило да ми провалат во телефонот. Сепак едно е сигурно – немам што да кријам“- рекла Африка.
Дека нема само „га*е за медал“ туку и нова ремонтирана предница, па е доволно обла и однапред и одзади во секоја сфера, „џепната венера“ реши на дело и да покаже.
Имено, Сандра среде емисијата се соблече и ги покажа своите нови, реновирани силиконски сифони, удобно сместени во секси градник од провидна црна тантела, со што остави со изненадени и со подзината уста многумина!
Оваа сцена особено ги воодушеви припадниците на посилниот пол, па веднаш следеа коментари на социјалните мрежи откако пејачката овој секси призор во машката фантазија длабоко го врежи!
Фото: Јутјуб принтскрин/Ami G Show/Инстаграм принтскрин/sandraafrika