Еден месец по смртта на кралицата Елизабета Втора, Меган Маркл се осврнала на „посебното време“ кое го поминала со монархот, пренесува „E! Online“.
Во интервју за магазинот „Variety“, Меган за првпат по смртта на кралицата јавно проговори за неа и за тоа како таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја оплакуваат нејзината смрт.
Војвотката од Сасекс беше покрај Хари на погребот на кралицата, а во интервју за магазинот изјавила дека за тоа било потребно многу љубов и поддршка.
„Навистина сум благодарна што можев да бидам со мојот сопруг за да го поддржам, особено во тој период“, рекла Меган.
View this post on Instagram
„Она што е прекрасно да се види е наследството кое неговата баба успеа да го остави на многу полиња“, продолжила таа.
„Секако, во поглед на женското лидерство, таа е најдобар пример за како тоа изгледа. Чувствувам длабока благодарност што успеав да поминам време со неа и да ја запознаам“, додала Меган.
Иако вели дека тоа било комплицирано време по смртта на кралицата, Меган напоменала дека Хари е оптимист и кажал дека неговата баба сега повторно е заедно со покојниот сопруг, принцот Филип кој почина во април 2021 година.
Навраќајќи се на нејзиниот прв официјален ангажман со кралицата, војвотката вели дека се чувствувала многу гордо.
„Се чувствувам среќно. Сè уште сум горда што имав убава топлина со матријархатот на семејството“, заклучила таа.
фото:Инстаграм