Бергузар Корел и Халит Ергенч се брачна двојка која особено ја сакаат луѓето од Босфор и пошироко. Тие освоија верни следбеници со својата необична љубовна приказна, а иако и двајцата се неверојатно популарни, се трудат да водат сосема обичен живот. Сепак, многу обожаватели стравуваа дека таа засекогаш ќе се пресели во Лондон, бидејќи со години живеат меѓу Англија и Турција, но актерката ги изненади сите со својата одлука.
Имено, убавата Шехерезада ги воодушеви своите фанови кога со нив ја сподели веста дека подготвува нова серија.
– Само што почнав да го читам сценариото. Ако има работа која ќе предизвика возбуда во вистинскиот момент, можам веднаш да почнам – открила актерката на Инстаграм и ги воодушевила фановите.
View this post on Instagram
Харизматичната Бергузар на својот Инстаграм профил често споделува моменти од приватниот живот, а неодамна откри дека нејзиниот живот многу се променил откако станала мајка.
Бергузар Корел и Халит Ергенч имаат три деца – два сина, Али и Хан, како и ќерката Лејла, која се роди минатата година. Познатиот Сулејман Величествениот често велеше дека неговата сопруга е љубоморна, но дека на тоа работат заедно со терапевт.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/berguzarkorel