Вчеравечер,петок, 21 октомври 2022 година во Штип започна 37-то издание на еден од најреномираните македонски музички фестивали – „Макфест 2022“.
На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ на првата вечер од фестивалот, односно вечер на млади ѕвезди, се појавија 12 помалку познати и сосема нови или млади музички имиња, иако меѓу нив имаше и некои кои се веќе добро познати и оддамна етаблирани на естрадата.
Само шест учесници од од нивк ои имаа најмногу поени од стручното жири и гласови на публиката која гласаше со своите влезни билети, ќе имаат привилегија да учествуваат и на втората вечер од фестивалот, односно сцената ќе ја делат со музичките ѕвезди од естрадата.
Ова се имињата на шесте дебитанти и нивните песни кои собраа најмногу гласови и се пласираа на втората ревијална вечер:
Првата макфестовска вечер ја заокружи Игор Џамбазов со своето музичко вокално-гитарско блуз шоу, кој во себесвојствен, уникатен и оригинален стил со своите аспецијално адаптирани изведби не потсети на многу подзаборавени нешта.
Најмногу на убавите времиња, тажните моменти, љубовните воздишки, макфестовските догодовштини, суровата сегашност, на животот низ годините воопшто… Игор и неговите гитарски компањони беа шлагот на вечерта од првото парче нагодинешниот макфестовски музички колач!
Вечерва, сабота на 22-ри ќе се одржи ревијалната вечер на која шестемина пласирани од првата ќе им се придружат на веќе етаблираните имиња од македонската естрада.
На сцената ќе ги видиме Тамара Тодевска, момчињата од „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Пајак и Лара Иванова, евровизиската претставничка Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, атрактивната Андријана Петрушовска, а ќе има и гостин од регионот, односно пејачот на легендарното „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ…
Со едн збор, не очекува вистинска музичка посластица во едно различно и возбудливо издание на фестивалот, па затоа не пропуштајте ја можноста да го проследите и ревијалниот дел на „Макфест 2022“!