Теодора Трајковска попозната само како Теа е една од најталентираните македонски поп пејачки. Кариерата на „ѕвездата што се раѓа“ е во вистински подем, па со секоја нова песна и видео младата пејачка знае се’ повеќе да ја заинтересира и заинтригира јавноста. Зашто, откако почнуваш да стануваш популарен, се’ повеќе почнува да ги интересира твојот приватен живот. И оние околу тебе, а и твоите фанови.
Така последната фотографија на која младата пејачка е сликана легната во кусо фустанче, со високо кренати разголени нозе, веднаш предизвика коментари.
И логично е кога млада, згодна и убава девојка како Теа нозете ги крева, да се крене силна врева… Бла, бла, бла… озборувањата тргнаа по социјалните мрежи…
Ама ако! Денес ја (о)зборуваат, а веќе утре ќе ја пеат… Нејзината нова песна секако, зашто провокативната поза не е поза за нервоза, туку сцена од снимањето на видеото за новата песна на Теа.
А, кревањето нозе… може да биде само спој на убаво и корисно. Како добар кадар за видеото и уште подобар тренинг, на пример! Само, зависи колку често тоа на Теа ќе и прејде во навика? На снимањето спотови, мислевме, секако!