Радио Милева Атракција

Црно Ферари и згодна риба: Папараците го „уловија“ Златан Ибрахимовиќ во Милано (фото)

Црно Ферари и згодна риба: Папараците го „уловија“ Златан Ибрахимовиќ во Милано (фото)

Неодамнешната „Модна недела“ во Милано беше идеална можност за Златан Ибрахимовиќ да крстосува низ градот со еден од своите суперавтомобили за да ја донесе својата партнерка Хелена Сегер на модната ревија.

Згодната Швеѓанка не сакаше да ја пропушти големата ревија, но најде време и за шопинг. Додека познатиот фудбалер „си играше“ со својот миленик на четири тркала, на Хелена друштво иправеше еден симпатичен англиски булдог.

Таа шеташе по улиците на Милано во обични и пред се удобни комбинации на облека, а бидејќи купувањето може да биде сериозна, повеќечасовна авантура, удобните чевли како што се патиките се најдобриот избор.

Бидејќи црното „Ферари“ на Златан е познато низ градот, армијата навивачи ќе го нападне штом застане на семафор или е паркиран некаде. Го оддаваи капачето на кое со големи букви пишува „Ибра“, а тука беа и папараците за да направат и по некоја фотка.

фото:Profimedia

To top