Радио Милева карма

Жерар Пике во непријатна ситуација – мора да носи дрес со името на светски познатата пејачка Шакира (фото)

Жерар Пике во непријатна ситуација – мора да носи дрес со името на светски познатата пејачка Шакира (фото)

Шпанскиот фудбалер на секои неколку дена ќе биде принуден да го носи на градите името на жената со која помина 12 години, а потоа и го скрши срцето.

А како што пренесуваат европските спортски медиуми, Жерар Пике во иднина би можел двапати неделно да носи дрес на кој пишува – Шакира!

Имено, неговиот ФК Барселона има договор со музичката платформа „Spotify“, чии челници сакаат да промовираат некои музички ѕвезди со тоа што ќе ги испишаат нивните имиња на дресовите на спортистите, а се шпекулира дека името на Шакира ќе стои на дресот на Барселона.

Познатиот шпански новинар Мојсес Љоренс тврди дека се било договорено и сè пред потпишување.

Сè уште никој не ги коментирал овие тврдења: ниту Барселона, ниту Спотифај, ниту шпанската Ла Лига, па останува да видиме дали фудбалерот ќе го видиме како носи дрес со името на жената на која неодамна и го скрши срцето.

Фото:Принтскрин/Твитер

To top