Дека е брилијантна пејачка, Тамара Тодевска оддамна докажала и потврдила. Ама и дека е палава и „немирна ко дете“ – не престанува да докажува… Дури и ден денес кога е доволно зрела и возрасна, посветена мајка и сопруга, вистинска дама и госпоѓа… Тамара на моменти е сепак едно гооолемооо, големо дете!
Но тоа е веројатно дел од карактерот кој тешко се менува, туку само може помалку или повеќе да се нивелира, да се бруси, но до одредени граници… Како што еднаш напишабме, како заб до живецот… Натаму не е возможно!
Пејачката оваа своја карактерна особина уште еднаш ја покажа и докажа, овој пат во теретана.
Имено, како што е познато Тамара својата линија вредно и посветено ја одржува со напорни вежби во теретана. Така и овој пат на последниот тренинг дојде стегната во хеланки, патики, маичка на прерамки и спортско капче на главата, па прво што фати од справите беше бесконечната лента. Ако не може да се пешачи по кеј, на Водно, низ град, може на бесконечна трака.
Арно ама дури и кога е качена на трака, другите со неа имаат мака! Особено додека така вежба и стане здодевно или ја фатат „црвчињата“, тогаш на која и да сте справа, па дури и да дубите на глава, Тамара ќе дојде да ве задева и зафркава!
Така и овој пат пејачкта покажа дека е докажана „белјаџика“… „Расипувач на забави“ на оние кои го можат она, што таа (се’ уште) не може да го направи… Па и е криво?
Или барем така се однесува од чиста досада, заради своја забава…
Се разбира сето тоа, па и оваа нејзина „белја“ е само на шега, иако поговорката вели дека… „Секоја шега е во тесна спрега со вистината“!?
Сепак, веруваме дека не е баш така, туку дека она што ќе го видите во видеото кое го споделиле и Тамара и нејзината пријателка, не е од пакост, туку само од палавост!
Зашто сите добро знаат, па и тие двете, дека Тамара и денес е… „Немирна ко дете“!
Фотои видео: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska