Пејачката Тамара Тодевска неколку години наназад е максимално посветена на својот физички изглед кој е драстично изменет во поглед на фигурата и линијата која сега ја има.
Вежбањето во теретана со личен тренер и негувањето во козметички и фризерски салони за неа се рутина која не ја заобиколува за ништо друго, бидејќи кога резултатот е присутен, тогаш и мотивацијата е уште посилна.
Кога сме кај изгледот, во денешно време како да останаа малку од припадничките на понежниот пол, особено оние со јавна професија кои не одолеале на трендот да ги зголемат усните или пак не биле задоволни од формата и волументот даден од мајката природа.
Меѓу нив е и Тамара Тодевска која за првпат ги зголеми усните пред две години и тоа јавно го покажа.
За Тамара знаеме дека има природно полни усни, но очигледно посака да бидат уште пополни, можеби не премногу, но доволно за да бидат повпечатливи. така беше тогаш, а така е и сега бидејќи таа повторно направи освежување или зголемување на волументот.
Ги напрчи новите усни и се пофали на „стори“ на Инстаграм.
Дали некому тоа му се допаѓа или не, воопшто не е важно, бидејќи нели важно е човек самиот да биде задоволен од она што е и го има на себе, а Тамара очигледно е повеќе од среќна со резултатите кои таа ги сака.
фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска