Деновиве во ИН продукција започна со снимање Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“. Исто како минатата година и оваа се имаат пријавено голем број на кандидати и веќе се снимени првите 4 емисии.
Новитет во ова Македонско талент шоу е тоа што водителка е познатата и докажана Анита Даева , а водителката на минатата сезона Јасна Стојаноска исто останува дел од оваа шоу само што оваа сезона поради оправдани причини ќе паузира, а од следната се приклучува и таа на тимот.
Бендот овојпат е проширен исто под раководство на Митко Бежаноски, а новитет исто така е што во емисијата освен кандидатите свои точки имаат и познати пејачи каде промовираат нивни нови песни.
За разлика од првата сезона правилата се сменати и има испаѓања уште во првиот круг, па продукцијата одлучи пријавувањете да трае додека трае и првиот круг.
Емитувањете е на истите телевизии и исти термини како минатата сезона ИНТВ Сателитска, ТВ Сонце и сите регионални телевизии низ Македонија. Ова шоу е моментално најгледаното Македонско естрадно ТВ шоу.